
Унгарскиот премиер Петер Маѓар се огласи по победата на Студентската листа на парламентарните избори во Србија, повлекувајќи паралела со политичките промени во Унгарија и поразот на Виктор Орбан.
Како што пренесува „Телеграф“, Маѓар на социјалната мрежа Икс напиша дека Александар Вучиќ го признал изборниот пораз, дека студентите освоиле апсолутно мнозинство и дека граѓаните почнале да слават на улиците низ Србија.
Објавата ја заврши со краткото прашање: „Ви звучи познато?“, алудирајќи на славењето во унгарските градови по победата на неговата партија Тиса над Фидес на Орбан.
Со оваа порака Маѓар го спореди изборниот исход во Србија со промената на власта во Унгарија, каде што неговата победа во април стави крај на долгогодишното владеење на Орбан.

