Утрински Весник
Спорт

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Screenshot 2024 04 24 141009 384x220 1.jpg

Се поизвесно е дека актуелниот тренер на холандскиот фудбалски лигаш Феенорд, Арне Слот во идната сезона ќе го води англискиот премиерлигаш Ливерпул. Медиумите на Островот пренесуваат дека тој на „Енфилд“ нема да се пресели сам.

Во комбинација се неколку фудбалери на тимот од Ротердам иако веројатно не е можно сите кои се во комбинација да се преселат во Ливерпул. Во прв план се Дејвид Ханко и Лутсхарел Гертруда, но вториот од нив е поверојатна опција во моментов. Кога станува збор за играчите од средниот ред, можно е во Ливерпул да замине 24-годишниот Матс Вифер кој сезонава игра во одлична форма.

И од нападот има неколку интересни играчи. Пред се Калвин Стенгс кој не е класичен шпиц, туку игра зад напаѓачите, но добро се снаоѓа и на крилните позиции. Се разбира, тука е и Сантијаго Хименес кој на 29 натпревари сезонава во холандското првенство постигна 21 гол.

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот