Утрински Весник
Македонија

Пендаровски ги негира гласините од опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори

Krushevo 1.jpeg

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и актуелен шеф на државата Стево Пендаровски ги негира обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори. Како што рече, доколку планирал да бојкотира, не би дошол во Крушево каде што попладнево ја продолжи својата кампања. На средбата со крушевчани тој порача дека борбата ќе ја продолжи од нула, како да немало прв круг од изборите. Крушево беше една од двете општини, заедно со Маврово и Ростуше, каде што Пендаровски доби најмногу гласови во однос на другите кандидати во првиот круг. -Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам, рече Пендаровски.

Можете да прочитате

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп