Утрински Весник
Македонија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

865437070 17971937619193748 1854499088039542169 n.jpg

Чесноста и одговорноста сe уште се вредности што ги красат младите генерации, а вистински пример за тоа е 18-годишниот Огнен од Делчево, кој пронашол 4.000 евра на улица и без двоумење одлучил да ги предаде во полиција.

Младиот делчевец, наместо да ги задржи парите за себе, постапил совесно и одговорно, пријавувајќи го случајот кај полициските службеници, на кои им ја предал целата пронајдена сума.


Неговиот гест не останал незабележан. Како признание за покажаната чесност, доблест и одговорност, Огнен добил плакета со која е оддадена почит на неговата постапка.

Во време кога секојдневно се слушаат вести за измами, кражби и злоупотреби, постапката на овој млад човек испраќа силна и позитивна порака до јавноста.

Со својата одлука, Огнен покажа дека вистинските вредности не се мерат со пари, туку со карактерот и постапките на човекот.

Неговиот пример заслужува јавно признание и претставува поттик за останатите млади луѓе да ги негуваат чесноста, одговорноста и почитувањето на туѓата сопственост.

Огнен можел да задржи 4.000 евра, но избрал нешто многу повредно да остане чесен.

Можете да прочитате

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни

Работникот меѓу платата, продуктивноста и нерамноправноста

Македонец возел камион со 68 килограми кокаин во Франција