Утрински Весник
Магазин

Шпанија ја укина годишната награда за борба со бикови

Ha8ibcf.jpg

Шпанија денеска ја укина годишната награда за борба со бикови.

Борбата со бикови во шпански стил, во која животното вообичаено завршува така што матадрот го убива, за приврзаниците е културна традиција која треба да се зачува, додека критичарите го нарекуваат суров ритуал за кој нема место во современото општество.

Министерството за култура соопшти дека одлуката за укинување на наградата ја заснова на „новата социјална и културна реалност во Шпанија“, каде што загриженоста за благосостојбата на животните е зголемена, додека посетеноста на арените е намалена.

Мислам дека ова е чувството на мнозинството Шпанци кои сè помалку се способни да сфатат зошто кај нас се практикува тортура на животни… а уште помалку зошто оваа тортура се наградува со народни пари“, напиша шпанскиот министер за култура. Ернест Уртасун на платформата Х.

Националната награда изнесуваше 30.000 евра, а чек за таа сума владата им дала на познати матадори како Хулијан Лопес, познат како „Ел Хули“ или на здруженија кои ја зачувале традицијата на борби со бикови.

Противењето на борбите со бикови се зголемило и во Латинска Америка, каде што традицијата се вкоренила во 16 век и во јужна Франција, каде што се проширила во 19 век.

Во Шпанија, просечниот љубител на борбите со бикови остарел, а бројот на фестивали е намален за една третина меѓу 2010 и 2023 година.

Можете да прочитате

Овие пијалоци келнерите никогаш не ги нарачуваат

Еве со какви измами се служат продавачите на дрва – имаат разработена шема

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк