Утрински Весник
Македонија

Се крадел златен накит и пари од живи и починати во Домот за стари лица во Куманово?!

Penzioneri 1.webp.webp

Подолго време се алармирало за потенцијални злоупотреби во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, но сега, конечно, има официјална изјава која открива сериозни кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2025 година, велат читатели кои овие информации ги споделија до редакција на 4News.

Тие велат изјавата дадена од вработена во домот, открива шокантни информации, кои ја потврдуваат загрижувачката ситуација во оваа институција.


Признанијата се доставени до претседателот на синдикатот и директорот на домот, а меѓу најтежоките обвинувања се вклучуваат:

Проневера на јавни средства – пари од домот биле искористени за исплата на надворешен соработник без договор.

Кражба од згрижени – украдени 32.000 денари од корисничка.

Здружено кривично дело – Кражба – подела на 8.000 денари со друг вработен.

Повлекување средства од сметки на починати – злоупотреба на банкарски уплати по смртта на корисници.

Фалсификување на работно време – измислени прекувремени часови и работа во неработни денови.

Исплата на дополнителни часови на миленици на раководството – политичко фаворизирање преку јавни пари.

Злоупотреба на службена положба за политички реваншизам.

Овие тврдења ја потврдуваат сериозната злоупотреба на довербата која е дадена на оваа институција, која треба да се грижи за најслабите граѓани. Наместо тоа, тие велат „Зафир Сајто“ се претворил во приватна каса за поединци и политички интереси.

Имајќи предвид сериозноста на овие обвиненија, се бара итна интервенција од Основното Јавно Обвинителство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Веднаш е потребна одговорност за овие дејствија и целосно разјаснување на ситуацијата.


Можете да прочитате

Во чест на Павел Христов херојот кој го загуби животот во Пулс: Најблиските организираа меморијален собир со автомобили (ВИДЕО)

Гаши не планира да покрене постапка за разрешување на првата антикорупционерка Димитровска, додека судски не се докаже дека е виновна за корупција

СДСМ бара оставка од Тошковски откако тој го призна скандалот со братот на Стефковски