Утрински Весник
Македонија

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран

Dojran 1.jpeg

На 27 јуни (сабота), со почеток во 10:00 часот на централното шеталиште во Стар Дојран, ќе се одржи #BorderBite – настан за промоција на локални производители и вмрежување на граѓани и здруженија од пограничниот регион.

Се очекуваат од 40 до 50 изложувачи, ќе бидат присутни здруженија на пензионери, млади, мали семејни производители, култутни работници од двете страни на границата итн.


Во уметничкиот дел ќе настапат: мандолинскиот оркестар Полифонија Стингс, фолклорниот ансамбл Мегдан, Распеани Дојранчани, талентираната Јована Тасева и диџеј Дионис.

Во Дојран како погранична точка, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со производството на малите и семејни капацитети, ракотворбите и органското производство, како и да уживаат во најразлична културно – уметничка програма.

Целта на #BorderBite е да ги промовира посебностите и да ги поврзува различностите, од двете страни на границата. Преку запознавање, да се изградат заеднички визии и интереси, и да се креира долгорочен развој.

Настанот ќе биде реализиран со поддршка на Американското Катче Штип и PopUp Corner.

Можете да прочитате

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Средба на Сиљановска-Давкова со Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес”

Сопственичка на кравите од Кривопаланечко заработи кривична, им се заканувала на инспектори од АХВ