Утрински Весник
Македонија

Осомничениот за пожарот кај бугарската амбасада се гони за загрозување лица под меѓународна заштита

Bg amba.jpg

Постапувајќи по поднесената пријава во врска со опожарувањето на автомобили пред објектот на бугарската Амбасада во Скопје, за кое беше поведена постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, Основното јавно обвинителство Скопје дојде до сознанија што упатуваат на можни елементи на кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 од Кривичниот законик.

Имајќи предвид дека кривичниот прогон за ова дело е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ОЈО Скопје го достави предметот на надлежно постапување.


Од своја страна, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомниченото лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело Загрозување лица под меѓународна заштита од член 420 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку една година.

Според обезбедените докази, постои основано сомневање дека осомничениот на 15 јуни 2026 година со опожарување на возила пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, што ги користеле Военото аташе на Република Бугарија во Република Северна Македонија и други вработени во Амбасадата, создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.

Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во Конвенцијата на Обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена за лицето на кое до сега му беше определена притворска мерка од 8 дена во скратена постапка.

Можете да прочитате

Левица: Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

EOGL со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Филипче со земјоделците од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачмен