Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Највисока реализација на капитални инвестиции во 2022 година

СДСМ: Највисока реализација на капитални инвестиции во 2022 година

„Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат видливи резултати. 2022 е година на најголема реализација на капитални инвестиции досега, во вредност од 465 милиони евра“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „и покрај тоа што минатата година ја одбележа светска економска криза, реализирани се речиси 90 отсто од планираните капитални проекти, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години. Вредноста на инвестициите на државата по тој основ во последните три години изнесува 1,1 милијарда евра. Реализирани се 1.300 километри патна инфраструктура, започната е изградбата на железничка пруга во вредност од 600 милиони евра“.

„Комплетирана е изградбата на гасоводот од Жидилово до Битола и многу други капитални проекти значајни за граѓаните и стопанството. За оваа година во буџетот се планирани дури 51,8 отсто повисоки капитални инвестиции. СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките кои обезбедуваат развој, европска перспектива на земјата и европски услови за живот на граѓаните“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Напад со остар предмет во автобус во Скопје

На 6ти февруари ќе започнат преговорите за инфраструктурниот Коридор 8

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“