Утрински Весник
Македонија

УГД Штип: Имаме нулта толеранција за корупција

Univerzitetot goce delchev vo shtip m.jpg

Во врска со денешните полициски дејствија и истрагата поврзана со сомнежи за злоупотреба на електронскиот систем за оценки од страна на вработено лице на Универзитетот, Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип ја информира јавноста дека УГД овозможува целосна, неограничена соработка со МВР и надлежното обвинителство за брзо и целосно расчистување на случајот.

Оттаму велат дека УГД има нулта толеранција за корупцијата и злоупотребата во академската заедница и сметаме дека ваквите и слични случаи се во насока да се обезбеди подобро, поквалитетно и пообјективно студирање


„Сакаме да ја увериме академската заедница, пред сè нашите студенти, наставниот и административниот кадар, како и пошироката јавност, дека УГД останува посветен на темелните академски вредности, на чесност и вистинитост, и останува проактивен во насока на сузбивање на девијантните појави.

Нашите студенти и нивното образование остануваат во центарот на сите наши активности. Наставниот процес, академските обврски, научноистражувачката работа и меѓународната соработка со низа реномирани европски универзитети продолжуваат да бидат наш приоритет.

Како јавна високообразовна институција ја уверуваме јавноста дека остануваме посветени на транспарентноста, отвореноста и институционалниот интегритет.

УГД нема да дозволи каков било сомнеж да ги наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени“ се наведува во реакцијата.

Можете да прочитате

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната

ВЛЕН: Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка

Каранфилова Пановска: За Алта банка мора да има одговорност од Мицкоски и Славевски