Утрински Весник
Култура

Изложба на цртежи и слики на Владимир Величковски во Галерија МКЦ

Изложба на цртежи и слики на Владимир Величковски во Галерија МКЦ
300x250 (7)

На 18 јануари 2023 година во Галеријата на ЈУ Младински културен центар ќе биде отворена изложбата на цртежи на професорот Владимир Величковски, со наслов „Вибрантен сликопис”.

dobivaj vesti na viber

За изложбата, Величковски самиот потенцира дека својата прва самостојна изложба на слики ја организирал токму пред 50 години во тогашните простории на Домот на младите „25 Maj”, што се совпаѓа со минатогодишниот јубилеј на институцијата. Изборот на датумот е токму пред празникот, т.е. Светскиот ден на уметноста, кој исто е не случајно одбран за отворањето на изложбата.

300x250 (7)

Величковски црта од мали нозе, како дете, кога почнува и да ги изложува своите творби. Црта и слика во моменти на страсна потреба за изразување на сопствените внатрешни доживувањеа и надворешни сензации во кои се испреплетуваат и моменти на сеќавање.

Слика „во еден здив“, но под импресија и со емоција со уверување дека со непосредната обработка на мотивот може да се постигне сугестивна свежина на звучен колорит и специфичен танцов ритам на целата структурна и сликовна претстава.

Самиот додава: „Во атељето на Миро Масин пишува: нема разговор за политика и фудбал-убаво. А јас, имам чест, по повод значајниот јубилеј на Младинскиот културен центар, Скопје да ја приредам оваа пригодна изложба.

Ќе се потсетиме: порано постоеше поимот .„сиромашна уметност“, како и критика, застапена во сите печатени и електронски медиуми која зад себе има забележан историски развој во тесна врска со движењата во ликовните и визуелните уметности.

Приказната за критиката не е завршена. Можеби станува збор само за една „култура на сопственото искуство“.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“