Утрински Весник
Македонија

Претреси во Штип и Скопје поради сомнежи за менување оценки на Универзитетот „Гоце Делчев“

Svr stip.webp.webp

Полициски претреси се спроведуваат на повеќе локации во Штип и Скопје поради сомнежи за злоупотреби на електронската студентска евиденција на Универзитетот „Гоце Делчев“, објавија медиумите, повикувајќи се на извори во МВР.

Според првичните неофицијални информации, во фокусот на истрагата е вработен на раководна позиција во ИТ-секторот на Универзитетот. Постојат сомнежи дека подолг период интервенирал во електронскиот систем и за паричен надомест овозможувал внесување бодови од испити, запишување семестри без исполнети услови и бришење оценки.


Наводните интервенции во евиденцијата главно се однесувале на студенти од Турција. При претрес во домот на лицето, според истите неофицијални информации, била пронајдена поголема сума пари.

Во акцијата учествуваат полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и службите за компјутерски криминал.

Полициските активности се во тек. Засега во достапните информации нема официјална потврда за бројот на засегнати студентски досиеја, износот на пронајдените средства или евентуални апсења.

Можете да прочитате

(Фото) По 13 години чекање, се подготвува отворање на патот од Водно до Сончев Град

Во двор во Струмица пронајдени коски што наликуваат на човечки

Ангелов по приведувањето на советникот во ДЗС: Пријавувајте ако ви бараат пари