Мицкоски намерно поднесе иницијатива за референдум која е неуставна, самиот знаејќи дека неговиот референдум е осуден на неуспех поради слабата поддршка од граѓаните, соопшти СДСМ.
„ Колку ВМРО-ДПМНЕ не го познава или се прави дека не го познава Уставот говори и фактот што вечерва пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ цитираше член од Закон кој се однесува на консултативен, а не на задолжителен референдум каков што бараше Мицкоски. Иницијативата беше уште една измама на Мицкоски за спас на сопствената фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на една екипа во неговото опкружување.
Во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, Мицкоски беше спремен да потроши осум милиони евра од државниот буџет за спроведување однапред пропаднат референдум кој требаше да биде неговата сламка за спас. Тоа е неодговорно и недозволиво. Тој негов обид за измама, за трошење милиони евра народни пари за лични хирови пропадна.
Мицкоски е осамен и изолиран во антиевропската, деструктивна агенда што носи штета за граѓаните и државата“ се додава во соопштението.