Утрински Весник
Спорт

Мартин Мирчевски прогласен за играч на колото во Србија

Мартин Мирчевски прогласен за играч на колото во Србија

Македонскиот фудбалски интернационалец Мартин Мирчевски е избран за најдобар играч на 11.коло во Моцарт Бет Суперлигата на Србија. Тој одигра одличен меч за Бачка Топола во триумфот (3-1) против Колубара откако беше стрелец на хет-трик.

dobivaj vesti na viber

Мирчевски на дуелот против Колубеа ги постигна првите голови оваа сезона, а добитник е и на 50.000 динари кои ќе треба да ги додели во хуманитарни цели. Според анализата, Мирчевски во ова коло во Србија имал најмногу шутеви кон голот (осум) и најмногу удари во рамките на голот (шест).

Можете да прочитате

Германија го декласираше дебитантот Курасао

ФИФА ќе му го исплати целиот хонорар на сомалискиот судија

Хамилтон ја освои ГН на Каталонија со прва победа во Ферари