Утрински Весник
Македонија

ЛДП: Скандал по скандал, секој ден, ќе заврши ли и тепачот од Охрид во соседството?!

Ldp 960x505 1.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

Не поминува ниту еден месец од спектакуларното бегство на осомничено луце преку македонските граници кои функционираат како обично швајцарско сирење, додека власта продолжува да ги игнорира сите предупредувања. Уште на 23 октомври јасно предупредивме дека најголемата закана за државата не доаѓа од надворешни проблеми, туку од катастрофалните домашни пропусти, слабото законодавство и институционалната неспосбност.


И што добивме во меѓувреме? Собирање над 18.000 потписи од граѓаните, а функционални електронски нараквици за заштита на жените сѐ уште нема! Ни закажана седница за предлог-законот НЕМА! Системот е целосно пробиен, а институциите со својата недржавничка небрежност повторно оставаат простор криминалците слободно да маневрираат. Има само задоцнета ПР реакција на гневната јавност.

Затоа отворено и директно ПРЕДУПРЕДУВАМЕ: Да не ви се случи сега по истиот рецепт да ви побегне и насилникот и тепачот од Охрид, па утре да го барате преку медиумите додека веќе се шета слободно во соседството, на пример во Софија!

Престанете со лажните алибија и сокривањето зад туѓа неагилност. Државата се чува со цврсти закони и институции кои работат, а не со празни фотељи и бегства во четири очи.

Време е за итна одговорност и затворање на сите правни и гранични дупки – пред да ви се сруши целото министерство врз сопствените неспособни раце!

Можете да прочитате

Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?

ОЈО бара притвор за битолчанецот што ја претепа својата девојка

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?