Утрински Весник
Свет

Фронтекс: Речиси 110.000 нерегуларни преминувања на границите на ЕУ, пад од 29 проценти

Migranti.webp.webp

Речиси 110.000 нерегуларни преминувања на надворешните граници на Европската Унија се регистрирани во првите десет месеци од 2026 година, што е за 29 проценти помалку од истиот период лани, покажуваат прелиминарните податоци на Фронтекс.

Само во октомври биле забележани околу 18.100 преминувања — шест проценти помалку на годишно ниво, но 22 проценти повеќе отколку во септември. Месечниот раст главно се должи на зголемените пристигнувања на Канарските Острови.


Источномедитеранската и централномедитеранската рута остануваат најпрометни, со речиси 60 проценти од вкупните регистрирани преминувања. Најголем пад, од 55 проценти, има на централномедитеранската рута. Западномедитеранската, пак, бележи раст од 21 процент.

И покрај вкупното намалување, опасноста за луѓето што патуваат по морските рути останува висока. Според податоците на Меѓународната организација за миграција наведени во соопштението, повеќе од 2.000 луѓе годинава го загубиле животот во Средоземното Море.

Фронтекс нагласува дека статистиката брои откриени преминувања, а не поединечни лица: ист човек може да биде регистриран повеќепати. Во податоците не се вклучени преминувањата на западномедитеранската копнена рута на 30 и 31 јули

Можете да прочитате

ЕУ заплени танкер од „руската флота во сенка“

Над 2.000 мигранти пристигнаа на Канарските острови за 48 часа

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот носач на авиони пристигнува на Блискиот Исток