Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија

12.png

Премиерот Христијан Мицкоски, на заедничкиот настан со албанскиот премиер Еди Рама, по повод воспоставувањето на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин меѓу двете земји, истакна дека новиот начин на гранично функционирање ќе го олесни транспортот на патници и дополнително ќе ги зајакне врските меѓу граѓаните.

Мицкоски посочи дека неколку милиони патници годишно поминуваат низ овој граничен премин, оценувајќи дека новиот систем ќе придонесе за побрзо и поедноставно движење меѓу двете соседни земји.


Тој изрази очекување ваквиот модел на соработка да биде воспоставен и на другите гранични премини со Албанија, со цел дополнително поврзување на граѓаните од двете страни на границата.

Според Мицкоски, „One Stop Shop“ ќе има позитивно влијание и врз развојот на туризмот и искористувањето на туристичкиот потенцијал на двете земји, посебно во охридско-струшкиот регион и албанското крајбрежје.

На почетокот на обраќањето, премиерот им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на припадниците на албанската заедница, нагласувајќи дека празникот има значење и за мултиетничкиот карактер на државата и придонесува за општествената кохезија.

Мицкоски упати благодарност до министерот за внатрешни работи, членовите на Владата, вработените во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и сите институции вклучени во реализацијата на проектот.

Посебна благодарност упати до албанскиот премиер Еди Рама за неговата лична поддршка во реализацијата на проектот. 

Можете да прочитате

Левица: Одбиени амандманите за поддршка на домашното стопанство, развој на инфраструктурата и заштита на животната средина

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

Евакуиран тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија