Утрински Весник
Спорт

Рос Браун би можел да ја напушти Формула 1

Рос Браун би можел да ја напушти Формула 1

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, навести дека може да се повлече од функцијата на крајот на оваа година. 67-годишниот Британец е меѓу најуспешните луѓе во историјата на Формула 1 – светски титули со Бенетон и со Ферари како технички директор, потоа неверојатна сезона во 2009 година со Браун ГП, тимот што некогаш го поседуваше и кој му го продаде на Мерцедес.

dobivaj vesti na viber

Откако го напушти Мерцедес, Рос Браун помина неколку години надвор од спортот, но се врати во Формула 1 на барање на „Либерти Медиа“ и стана спортски директор и десна рака на поранешниот шеф на шампионатот Чејс Кери.

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години