Утрински Весник
Македонија

ДОМ: Владата планира дата-центри, а сè уште нема функционална климатска политика!

Dom zname.jpg

Соопштение за јавност на ДОМ:

Најавата на министерот Стефан Андоновски за Национален дата-центар во Бунарџик од 20 милиони евра, но и преговорите со приватни инвеститори за изградба на комерцијални дата-центри во земјава, покажаа дека Владата не планира еден изолиран објект, туку развој на цела нова индустриска гранка, чии последици мора да се планираат навреме.


ДОМ предупредува: недозволиво е да се отвора врата за потенцијален масовен развој на енергетски и водно интензивна индустрија во момент кога државата сè уште нема функционален Закон за климатска акција, ниту воспоставен систем за следење и намалување на емисиите. Не може да се најавува забрзан развој на енергетски интензивна индустрија, а истовремено да се одложува донесувањето на правилата што треба да гарантираат дека тој развој е во согласност со климатските цели.

Затоа прашуваме: според кои климатски и еколошки критериуми ќе се одобруваат овие приватни инвестиции кога државата свесно го одложува носењето на основните правила?

Бунарџик не е празно поле. Таму веќе работат индустриски капацитети што зависат од истите енергетски и водни ресурси и го делат просторот со околните населени места.

Кој ги проценил кумулативните влијанија врз мрежата, водните ресурси и квалитетот на воздухот од постојните и сите нови планирани капацитети?

Како овој дополнителен притисок врз инфраструктурата ќе се одрази врз веќе присутните компании и врз квалитетот на животот на локалното население?

Бараме:

  • Итно објавување на физибилити-студијата за Националниот дата-центар за јавноста и експертите да добијат увид во нејзините параметри.
  • Спроведување широки јавни консултации пред преземање какви било обврски со приватни инвеститори — во процесот на одлучување мора заднички да учествуваат постојните компании од зоните, локалната самоуправа, граѓаните и независната стручна јавност.
  • Целосно заокружување на законската рамка за климатска акција пред да се даде зелено светло за какви било нови инвестиции во податочната индустрија.

Дигиталниот развој мора да биде усогласен со климатската одговорност, ресурсите и јавниот интерес на граѓаните — а не само уште една можност за профит на поединци на сметка на животната средина.

Можете да прочитате

Пресврт по седум години: Боки 13 ослободен од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“

ФОТО: Автомобил целосно изгоре во Скопје

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО