Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Славески вели „сè е во ред”  со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари – зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред” со Алта банка. 


Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. 

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? 

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. 

Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите?

Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. 

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

Можете да прочитате

ЛДП: Шлаканица за сите жени – дали „машкиот надзор” е новата владина политика?! Владиниот партнер е најдобар кандидат за електронска нараквица!

Дождлив вторник во Македонија, врнежите ќе престануваат кон крајот на денот

Славески: Медиумите ја урнаа Алта банка