Утрински Весник
Спорт

Ексфудбалерот Билјалетдинов мобилизиран во руската армија

Ексфудбалерот Билјалетдинов мобилизиран во руската армија

Поранешниот фудбалер на Евертон и руски репрезентативец, Динијар Билјателдинов, е мобилизиран во руската армија, објавува руската ановинска агенција „База“.

dobivaj vesti na viber

Според нивните извори, 37-годишниот Билјалетдинов никогаш не служел воен рок, туку го отслужи своето во спортот. Билјалетдинов ја почна кариерата во Локомотив Москва за кои имаше 185 настапи во шест сезони по што во 2009 година се пресели во Евертон за 9 милиони фунти. Тој остана во Премиер лигата до 2012 година по што играше за Спартак Москва пред да замине во пензија во 2019 година со литванскиот клуб Ритеираи. Покрај тоа, Билјалетдинов имаше и 46 настапи за руската репрезентција од 2005 до 2012 и беше дел од тимот што стигна до полуфиналето не Евро 2008.

„Да, Динијар доби покана. Тој служеше во спортот пред 19 години кога играше во младинскиот тим. Не знам која е неговата воена специјалност, или инженерски тим или железнички тим“, изјави татко му Ринат Билјалетинов.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали