Утрински Весник
Спорт

Роналдо не смее да влезе на стадионот во Доха – Мечот Бразил-Србија ќе го гледа во хотелската соба

Роналдо не смее да влезе на стадионот во Доха – Мечот Бразил-Србија ќе го гледа во хотелската соба
Ss2

Легендарниот Бразилец, Роналдо, вечерва нема да навива за својата репрезентација против Србија, од трибините на стадионот 974 во Доха.

dobivaj vesti na viber

Роналдо пристигна во Катар за да ги следи натпреварите на Светското првенство, а пред се се однесува на натпреварите на бразилската репрезентација која е главен фаворит за освојување на златниот медал.

Ss1

Роналдо отпатува и во Катар за да ги следи натпреварите на бразилската репрезентација, а вечерва требаше да биде на трибините против Србија, но беше најавено дека за жал тоа нема да се случи.

Имено, бразилските медиуми објавија дека Роналдо бил на вчерашниот тест бил позитивен на коронавирус.

Роналдо имал симптоми на настинка, поради што морал да се тестира. Тој сега се наоѓа во изолација во својата хотелска соба.

Во Бразил 20 години ја чекаат титулата светски првак и се надеваат дека постот ќе биде прекина во Катар.

Последен пат Бразил беше шампион во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, кога главен херој беше токму Роналдо, кој блескаше на тој Мундијал, а во финалето ги постигна двата гола против Германија.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал