Утрински Весник
Економија

Нема промена на цените на горивата, поскапува само маузтот

Benzin Gorivo 960x639 1.jpg

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2026 година.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 98,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 100,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 108,50 ден/лит.


Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 2,145 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.10.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,742 ден/кг.

Можете да прочитате

Стратешки енергетски проекти за посигурна иднина: Интерконекторите ја отвораат Македонија кон нови пазари

Бакарот е во фокусот на 19 стратешки проекти на ЕУ – Македонија сè уште не го користи целосно својот потенцијал

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом