Утрински Весник
Свет

Словачкиот премиер по инцидентот со Голема Унгарија му подари нов шал на Орбан

Словачкиот премиер по инцидентот со Голема Унгарија му подари нов шал на Орбан

Словачкиот премиер, Едуард Хегер, му подари нов шал на Виктор Орбан откако унгарскиот премиер предизвика контроверзии.

dobivaj vesti na viber

Хегер на Орбан му подари шал на самитот на лидерите на Вишеградската група (В4) денеска во Словачка, пишува „Еуроњуз“.

„Забележав дека Виктор Орбан има стар шал, па денеска му подарив нов. Доаѓа зима“, напиша Хегер на Фејсбук.

Орбан на социјалните мрежи објави и фотографија со Хегер и нов шал. Тој на Твитер напиша: „Да живее унгарско-словачкото пријателство“.

Орбан беше критикуван од неговите унгарски соседи затоа што на неодамнешниот пријателски фудбалски натпревар во Будимпешта меѓу унгарските и грчките репрезентации носеше шал на кој беше прикажана картата на Голема Унгарија.

Мапата на шалот на Орбан ги прикажува границите на поранешното Кралство Унгарија, изгубено со Договорот од Тријанон во 1920 година, кој ги вклучува модерната Австрија, Хрватска, Романија, Србија, Словачка и Украина.

Романското Министерство за надворешни работи го обвини Орбан за „ревизионизам“, додека Киев побара официјално извинување од Будимпешта.

 

Унгарскиот премиер рече дека „каде и да живеат Унгарците, унгарската фудбалска репрезентација е репрезентација на сите Унгарци“.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа

Руско МНР: СБ на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите