Утрински Весник
Свет

Украина соопшти дека дроновите во воздрушниот простор на Литванија можеби биле нејзини

Dron 1.webp.webp

Министерството за надворешни работи на Украина денеска соопшти дека жали поради веројатното скршнување на украински беспилотни летала во литванскиот воздушен простор. Сепак, Киев смета дека тоа можеби е предизвикано од руски мерки за електронско војување.

– Жалиме за инцидентот што се случи утрината во литванскиот воздушен простор, до кој можеби дошло откако руски системи за електронско војување ги пренасочиле беспилотните летала за време на операција против легитимни воени цели во Русија, изјави портпаролот на Министерството, Георгиј Тихи.


Тој се извини за загриженостата што можеби ги предизвикал овој инцидент во Литванија.

– Посветени сме на споделување на сите информации во врска со случајот со нашите литвански партнери, со цел да се утврдат сите околности околу инцидентот, додаде Тих во објава на социјалната мрежа X.

Литванските власти претходно ја обвинија Русија дека стои зад инцидентите со дронови во Литванија.

Можете да прочитате

Трамп за насилните протести: Франција гори, затворете ги границите и преземете контрола

Четворица загинати и десетици повредени во пожарот во канадската воена база „Вејнрајт“

Бранот протести се шири низ Европа