Утрински Весник
Спорт

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

20261017133715 big 730x400 89.webp.webp

Штипјанецот Марко Џорлев денеска го освои златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска. Џорлев кој е дел од македонската репрезентација во финалето го победи Адам Ваги од Република Унгарија со резултат 4 :1.

Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот (КК)-Штип на социјалните медиуми објавија дека Марко Џорлев е светски шампион.


– Македонија има Светски Шампион, Штип има Светски Шампион, карате клуб Штип има Светски Шампион. Радувај се Македонијо. Фала му на Господ за сѐ – напишаа Сашко и Жарко Арсовски.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на социјалните медиуми напиша oсвоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот Штип.

– Македонија слави, Штип се гордее! Нашиот Марко Џорлев е светски шампион! Освоеното светско злато е гордост за Штип, Македонија и Карате клубот „Штип“. Благодарност и до тренерите Сашко и Жарко Арсовски за нивната посветена работа и создавањето шампиони. Браво, Марко! Ти си пример дека со труд, дисциплина и посветеност се стигнува до светскиот врв – истакна Јорданов.

Можете да прочитате

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата