Утрински Весник
Свет

Пукање пред хотел во Берлин, едно лице е повредено

20250420114914 big 730x400 29.webp.webp

Пукање пред хотелот „Хилтон“ во Берлин имаше во 04:45 часот. Засега не е познато колку истрели биле испукани или што го поттикнало инцидентот, објави германскиот весник „Билд“.

Според првичните информации, најмалку еден маж е повреден. Наводно се трага по најмалку двајца осомничени.


“Можеме да потврдиме дека е пукано пред хотелот. Наводно, едно лице е погодено во прст. Истрагата за околностите и позадината на инцидентот е во тек. Засега не е познато дали некој е уапсен”, изјави портпаролот на полицискиот оперативен центар во Берлин.

Полицијата го истражуваше местото на настанот до раните утрински часови на Велигден, а областа околу местото на инцидентот беше оградена и затворена за минувачите.

Можете да прочитате

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи

Трамп: Веќе увезовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела

Сијарто: ЕУ ја продолжува војната во Украина, Унгарија нема да учествува во „финансирање убиства“