Утрински Весник
Свет

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот

Image 2026 06 22 135638615.png

Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет.

Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, Индија – 428,6 мм, а најсилниот ветер дуваше на Антарктикот со брзина од 145,7 км/ч.


Топлотен бран ја погоди Европа во последните неколку дена, а издадени се и бројни предупредувања за топлина.

Најжешкото место во Европа е Андухар во Шпанија со 42,7 степени, а Шпанија и Франција се земјите каде што беше најтопло во последните 24 часа.

Јитланд во Норвешка со минус 2,9 степени е најстудената точка во Европа, а Норвешка е и најстудената земја на европскиот континент.

Највисоката просечна температура во последните 24 часа е измерена во Пјаченца во Италија, 35,9 степени, на второ и трето место се Мостар во Босна и Херцеговина и Дон Бенито во Шпанија со 35,6 степени, потоа Сењ во Хрватска со 33,4 степени, а на петтото место е Дакс во Франција со 33,4 степени.

Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Ембрун во Француските Алпи – 71 мм. Најсилни ветрови дуваа во Норвешка, 83 км/ч, и Шведска, 65,6 км/ч, според податоците објавени од Огимет.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе