Утрински Весник
Македонија

Прва меѓународна безбедносна конференција „Skopje Security Conference 2026“ во Скопје

20260618175837 big 730x400 17.webp.webp

Првата меѓународна безбедносна конференција под наслов „Skopje Security Conference 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Центарот за безбедносни студии – Скопје.

Конференцијата, како што соопштуваат организаторите, ќе се фокусира на темата „Безбедност во транзиција: навигација низ технологијата, геополитиката и отпорноста во свет што се менува“, со цел да отвори дискусија на високо ниво за трансформацијата на концептот на безбедност во време на брз технолошки развој, геополитичка неизвесност, хибридни закани, економска ранливост и ризици поврзани со климатските промени.


– Настанот има за цел да отвори дискусија на високо ниво за трансформацијата на концептот на безбедност во време на брз технолошки развој, геополитичка неизвесност, хибридни закани, економска ранливост и ризици поврзани со климатските промени. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на вештачката интелигенција во сајбер-одбраната и современото војување, заштитата на критичната инфраструктура и регионалната соработка на Западен Балкан – стои во соопштението.

Конференцијата ќе биде отворена денеска во хотелот Хилтон во Скопје, со поздравни обраќања на Ардијан Исмаили, основач и извршен директор на „Skopje Security Conference“ и претседател на Центарот за безбедносни студии – Скопје, како и Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава. Најавено е и обраќање на заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.

На меѓународниот настан ќе учествуваат говорници и претставници од земјава, Швајцарија, Албанија, Финска, Катар, Чешка, Бугарија, Турција и други држави. Организаторите потенцираат дека преку вклучувањето на релевантни институции, домашни и странски експерти, целта е Скопје да се позиционира како регионална платформа за стратешки дијалог за безбедност, отпорност и соработка. 

Можете да прочитате

ТХП: Повторно да се разгледа Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, да се земат предвид и предлозите на малобројните етнички заедници

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами

Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев излегува од притвор по една година