Утрински Весник
Свет

Претседателот на Казахстан: Време е за колективна потрага по мир во Украина

Претседателот на Казахстан: Време е за колективна потрага по мир во Украина

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев, денеска изјави дека е време за колективна потрага по мир во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Што се однесува до Украина, верувам дека е дојдено време за заедничка колективна потрага по формула за мир. Секоја војна завршува со мировни преговори“, рече Токаев по самитот на шестчлената Организација на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), објави „Ројтерс“.

„Не смееме да дозволиме братскиот руски и украински народ засекогаш да се разделат со нерасчистени недоразбирања“, рече Токаев.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела