Утрински Весник
Свет

Посетители на Октоберфест виселе наопаку неколку минути на еден од забавните реквизити

20260920103015 big 730x400 71.webp.webp

Посетителите на еден од забавните реквизити на Октоберфест во Минхен останале да висат со главите надолу неколку минути, синоќа на првиот ден од познатиот фестивал на пивото, соопшти минхенската служба за брза помош.

По инцидентот, неколку лица – главно помлади посетители – се пожалиле на блага вртоглавица и проблеми со циркулацијата.


Портпарол на противпожарната служба задолжена за фестивалот изјави дека технички дефект предизвикал запирање на ротирачки забавен реквизит (рингишпил).

Според противпожарната служба, стручно лице го прегледало реквизитот и одобрило негово повторно користење уште истата вечер.

Од службата за брза помош соопштија дека згрижиле речиси 600 пациенти за време на првиот ден од 191-то издание на „Октоберфест“.

Фестивалот, локално познат како „Визн“ (Wiesn), беше отворен вчера, а првите гости чекаа уште од раните утрински часови за да заземат подобри места во шаторите за пиво.

Најголемиот фестивал на пивото во светот трае 16 дена, до 4 октомври, а вклучува шатори за пиво, панаѓурски атракции, традиционална баварска храна и музика во живо.

Можете да прочитате

Рекордни цени на дизелот во Франција

Елиф Ералп на чекор до историја: Берлин може да ја добие првата градоначалничка со мигрантско потекло

Си-Ен-Ен: Европа се подготвува за можна војна со Русија