Утрински Весник
Свет

Москва нападната од десетици украински беспилотни летала, најмалку двајца загината и шест повредени

20260811110430 big 730x400 28.webp.webp

Украина во текот на ноќта изврши напад врз Москва со десетици беспилотни летала, при што загинаа најмалку две лица, изјави утрово градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.

Руската противвоздушна одбрана пресретна повеќе од 180 беспилотни летала, додаде Собјанин.


Нападот со беспилотни летала врз руската престолнина предизвикал штета на објект во Московската рафинерија за нафта, но немало жртви.

Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, појасни дека, покрај двете жртви во руската престолнина, повредени се уште најмалку шест лица, меѓу кои и две деца.

Украинскиот напад со беспилотни летала врз Москва се случува на последниот ден од тридневните парламентарни избори во Русија, за кои се очекува да ја потврдат доминацијата на партиите блиски до Кремљ во Државната дума. На овие избори првпат се гласа и во украинските региони анектирани од Русија.

Можете да прочитате

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали