Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Германија: Дијаспората е нераскинлив дел од татковината

Image 2026 11 01 144130608.png

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во Солинген, СР Германија, заедно со членовите на Извршниот комитет Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваа на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во поздравното обраќање пред делегатите на Конференцијата нагласи дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината, при што ги запозна со состојбите во Македонија, економските параметри кои покажуваат раст, со инфраструктурните проекти, како и за зафатите кон справување со условите предизвикани од светските предизвици во енергетиката.


Во однос на меѓународната позиција, претседателот Мицкоски истакна дека Македонија стана држава за почит, држава којашто својот став го брани со аргументи и со јасни пораки и стратегија. Исто така додаде дека положбата во којашто се наоѓа државата е таква заради грешките од минатото, тешки како планини.

ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема поддршка кај народот, со предност поголема од сите други политички актери заедно.

На конференцијата од страна на присутните се отворија повеќе прашања во насока на подобра и засилена комуникација на македонската дијаспора со татковината, како и за можностите за инвестирање и за враќање во Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“

Сашко Кедев во Гинис: На 63 години го заокружи искачувањето на сите 14 врвови над 8.000 местри

Уапсени 11 возачи, петмина возеле без положен возачки испит, а тројца под дејство на алкохол