Утрински Весник
Македонија

Пет лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Soobrakajka.jpg

На 19.09.2026 во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково.

Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел” додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)” и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел”, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди.


По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Ќафасан“ поради употреба на фалсификувани документи