
Неколку стотици илјади евра се украдени при провална кражба во семејна куќа во загрепската населба Трешњевка, објавија хрватските медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Кражбата се случила во периодот меѓу 18 и 25 ноември, во куќа во сопственост на 63-годишен маж. Непознат сторител провалил во објектот и одзел пари, а материјалната штета е проценета на неколку стотици илјади евра. Точниот износ не е соопштен.
Полицијата спроведува криминалистичка истрага за утврдување на околностите и пронаоѓање на сторителот. Засега не се објавени дополнителни детали за начинот на провалување.


