
На 28.11.2026 во 00:30 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во содејство со мобилната единица ,,Task Force” при Регионалниот центар за гранични работи Запад беа преземени мерки и активности по претходно изготвен план во кабаре во Охрид.
При контрола во објектот беа затекнати руски државјанки кои оствариле илегален влез во Република Северна Македонија за време на активна забрана за влез.
Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по Закон за странци до Основен суд Охрид.

