Утрински Весник
Македонија

Николовски и ВМРО-ДПМНЕ не присуствуват во Стразбур каде треба да се гласа за членство на Косово во Советот на Европа

Aleksandar Nikoloski 750x430 1.jpg
Ss2

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој воедно е и македонски претставник во Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска не отпатувал за Стразбур каде на дневен ред на седницата е барањето за прием на Косово во Советот на Европа, пишува весникот Коха

Како што објавува Коха, во Стразбур не е присутен ниту заменикот на Николовски, Владо Мисајловски, додека на седницата ќе присуствуваат пратениците Дарко Каевски од СДСМ и Арта Биљали Зендели од ДУИ.

Img 5587

Прашани за причините за отсуството на Николовски и Мисајловски од седницата на која се решава барањето за прием на Косово, за весникот од кабинетот на Мицкоски одговориле дека тие не заминале заради обврски во изборната кампања, а не затоа што нешто имале против Косово.

Ако вечерва на седницата во Стразбур две третини од националните парламентарци што ги претставуваат 46-те земји членки на организацијата дадат зелено светло, прашањето за пеиме на Косово за точно еден месец од денес, ќе оди пред министрите за надворешни работи на Советот на Европа, кои ќе треба да донесат конечна одлука.

Ss1

Можете да прочитате

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот