Утрински Весник
Магазин

Не мора да се откажувате од белиот леб: Ставете го во замрзнувач и јадете го без грижа за калориите

15805707746173a12db6b8f080868033 Orig.jpg
Img 5587

Кога сакаме да ослабиме, вообичаено прва препорака е да ја намалиме потрошувачката на леб или целосно да го елиминираме. Сепак, не мора да биде така.

Не треба да се грижите ако јадете кришка или две леб дневно, но ако не можете да се откажете од него, применете трик кој ќе го намали бројот на калории што ги внесувате од лебот на половина.

Ss1

Кога купувате или печете леб, ставете го во замрзнувач. Ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но значи дека вашето тело добива помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни цревните бактерии наместо да ве дебелее, пишува Дејли Меил.

Поголемото количество отпорен скроб значи дека телото побавно го вари лебот што е замрзнат, што предизвикува поблаг пораст на шеќерот во крвта од свежиот леб и потенцијално го намалува ризикот од дијабетес тип 2, вели познатиот нутриционист д-р Мајкл Мозели.

Најголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс брзо ослободува енергија, па го зголемува нивото на шеќер во крвта. Меѓутоа, луѓето кои немаат семејна историја на дијабетес не треба да избегнуваат бел леб, кој идеално се јаде за појадок, бидејќи тогаш го забрзува метаболизмот, вели овој експерт.

Ss1

Можете да прочитате

Филмови, игри и забава за деца преку платформата Cinesquare

Фајненшл Тајмс му дозволи на ЧатЏПТ да ги користи неговите написи за обука

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари