Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски го штити Тошковски од одговорност за потфрлањето на МВР. Тошковски му служи како штит на Мицкоски за криминалот на власта. 


Додека тие се штитат еден со друг цената ја плаќаат граѓаните.  Жртви, убиства, фемициди, насилства врз жени, целосен распад на безбедносниот систем.

Уште колку жртви се потребни за Трошковски да понесе одговорност?

Тошковски има најголема политичка одговорност, за потфрлање на превенцијата, за непостапувањата на МВР и заштита на криминалците. Одамна требаше да си поднесе оставка.

Позади секоја жртва на фемицид, стоеа бројни нерасчистени пријави и непостапувања.

Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност. 

Насилникот бил пуштен само затоа што е син локални функционери на ВМРО, блиски до Мицкоски.

Да не беше брзата, гневна реакција на граѓаните, на СДСМ, на невладините организации, ќе ја видевме старата шема на ВМРО, жртвата во болница и страв за својот живот, а насилникот на слобода поради врски на локалните вмровски функционери.

Граѓаните не може да им доверба и со оваа последна одлука дека правдата ќе биде задоволена.

Бодигардот на Мицкоски кој ја тепаше својата жена беше ослободен. Бројни примери има на неказнивост.  

СДСМ бара проширување на истрагата за насилството врз Сара. Насилникот од Охрид не е сам, има родители кои сугерирале да се ослободи од телото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил.

Бараме најстроги казни, за насилникот, на и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата.

Бараме одговорност за сите пропусти и санкции. МВР, Обвинителство, Суд, одговорност од сите тие што се јавувале по обвинители, судии, локални моќници од ВМРО.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка, а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче

Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо

Температури утрово над нула, најмногу дожд во Лазарополе и Охрид