Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре, особено попладне и навечер опасност од силно невреме во Македонија – Ова важи и за Скопскиот регион

Download 2.jpg
Ss2

Веќе од западните предели започнати се врнежи од дожд, кои ќе се прошируваат понатаму према централните  и источните предели од државава, а сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од јужен правец.

Поради веќе споменатиот силен и ладен Атмосферски фронт од север  и од северозапад, утре попладне  и навечер на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд, локално ќе биде  и нестабилно, особено во централните, како и во источната половина од Македонија и со обилни поројни врнежи од дожд, електрични празнења  и силен ветер (над 70 км/час)

Ss1

Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на големо невреме со силен град и олуен ветер. Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност. Услови за локално невреме ќе има и во Скопскиот регион. Потоа од утрешната ноќта, а особено од четврток и од петок, па во деновите потоа следува знчително студено време (со пад на температурите дури и за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина од 10 до 20 цм, може и повеќе, додека на високите планини таа би можела да биде  и многу поголема.

За време на викендот, поради дополнителното заладување, снежната граница би можела да се спушти и на некои места со надморска височина од под 1000 метри, со што врнежи од снег може да се појават  и во повисоките населени места и низ Македонија. За време на оваа голема промена на времето, локално ќе наврне големо количество на воден талог (над 40-50 л/м2).

Ss1

Можете да прочитате

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање на 60 години за жени и 62 за мажи – 24info.mk

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост

Меџити: Приоритет на „Вреди“ е да биде дел од влада ориентирана кон ЕУ и НАТО