Утрински Весник
Македонија

Николоски: Од следниот месец пензиите ги зголемуваме за 2,500 денари, а до март за дополнителни 2,500 денари

Pari 780x410 1.jpg

„Во мојот ресор за жал проблеми колку сакате, но ќе гледам да имам многу проекти, да излегувам со позитивни вести а проблемите да ги решавам и да давам информации кога ќе бидат решени“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на одбележувањето на 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Николоски во однос на состојбата за неговиот ресор истакна дека таа е финансиски катастрофална и додаде:

„Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме“, посочи Николоски.

Николоски заклучи дека граѓаните очекуваат решенија а во исто време мора да имаме и нови проекти.

Можете да прочитате

Обвинение за пет лица во случајот „Грчец“

СДСМ бара ДКСК да го истражи случајот на синот на Мицкоски

Средба на Перински со Туркменоглу, Шеф на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје