Утрински Весник
Македонија

Уапсен 19-годишник од Македонија, осомничен за обид за убиство на поранешен водач на навивачите на „Партизан”

Img 8156.jpeg

Српската полиција уапси 19-годишен македонски државјанин поради сомнение дека се обидел да го убие Ненад Алајбеговиќ, познат како Али Бег, поранешен водач на навивачка група на „Партизан“. На осомничениот А.А. му е одредено задржување до 48 часа по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Пукањето се случило на 8 јули 2025 година на улицата „Народних хероја“ во Нов Белград. Според сомнежите на обвинителството, А.А. испукал повеќе куршуми од пиштол кон Алајбеговиќ, кој во тој момент седел зад воланот на својот автомобил. Алајбеговиќ го преживеал нападот.


Покрај за обид за убиство, 19-годишникот е осомничен и за кривично дело поврзано со недозволено држење и носење оружје. Апсењето следува повеќе од една година по пукањето.

Можете да прочитате

Девојка хоспитализирана по напад во Охрид, уапсен нејзиниот 31-годишен партнер

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“

Сашко Кедев во Гинис: На 63 години го заокружи искачувањето на сите 14 врвови над 8.000 местри