Утрински Весник
Македонија

Две години затвор за ексдиректорот на РЕК „Битола“ за тендер вреден над 11 милиони евра

Img 7781.jpeg

Основниот суд во Битола му изрече две години затвор на поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, за злоупотреба на службената положба и овластување при јавна набавка за ископ на јаловина. Со првостепената пресуда, судот утврди дека во постапката за тендерот вреден над 11 милиони евра на комбинатот му била нанесена штета од околу 2,9 милиони евра.

Предметот се однесува на набавка од 2022 година за ископ на јаловина во рудникот Брод Гнеотино. Договорот го добила битолската фирма „Руд Коп“, откако од постапката била отфрлена понудата на скопски „Гранит“. Според обвинението, „Гранит“ ги исполнувал техничките услови и понудил најниска цена, но по отфрлањето на понудата не учествувал на електронската аукција.


Судот утврди дека Матевски и тројца членови на стручната комисија со тоа ѝ овозможиле на „Руд Коп“ да оствари корист во висина на разликата меѓу понудените цени. Според судското образложение, штетата за РЕК „Битола“ изнесува 178.370.319 денари.

Тројцата членови на стручната комисија добија условни осуди. Судот на секој од нив му утврди казна од една година затвор, која нема да се изврши ако во рок од две години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело. Условни осуди добија и тројца вработени во Бирото за јавни набавки, додека тројца членови на Комисијата за јавни набавки беа ослободени од обвинението. 

Можете да прочитате

Спасовски по реакциите од ВМРО-ДПМНЕ: Тој гест покажете му го на вашиот лидер

СДСМ: Со ситни игранки власта не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

СДСМ: Со ситни игранки власта не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието