Утрински Весник
Македонија

МВР со детали: Тројца млади и татко на едниот од нив се загинатите на скопската обиколница

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

Министерството за внатрешни работи излезе со првични детали за страшната сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница.

„На 21.05.2026 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје. Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, велат од МВР.

Од повредите на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје и уште едно лице чиј идентитет засега е непознат, посочуваат оттаму.

Од МВР додаваат и дека возачот на камионот бил уапсен и задржан во полициска станица.

Можете да прочитате

Мицкоски до Собранието го предложи Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка

Клиничката болница – Штип не прима пациенти со скршеници поради паднатиот покрив