Утрински Весник
Балкан

Запалено и ставено во буре: Најдено телото на убиениот во ресторан во Белград

Policija srbija krop.jpg

Тело за кое се верува дека му припаѓа на маж убиен во ресторан во Сењак е пронајдено било влера во буре ископано на територијата на општина Инѓија .

Веста ја потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ изнесувајќи морбидни детали.


„Ова го направија чудовишта, ова не се луѓе, кои и да се. Никој не е убиен, ниту академик, ниту некој без досие, но да се убие некого на овој начин е ужасен злостор и никој не треба да страда на овој начин“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека едно лице се обидувало да ги заведе државните власти велејќи дека треба да ја пребараат реката Сава во Шабац, но дека набрзо го сфатиле тоа и почнале да бараат во Јарковачкото Езеро.

„Специјалистите за шумарство и ориентација видоа повеќе изгорено дрво и материјал на едно место, се посомневаа и пронајдоа буре, а пред да го ископаат, заклучија дека е тоа“, рече претседателот.

Тој истакна дека бурето било исечено и дека било пронајдено згрчено тело, кое претходно било изгорено за да се намали количината на крв.

„Се утврдува ДНК, но со 99,9 проценти сигурност можам да кажам дека станува збор за А. Н.“, рече Вучиќ.

Тој рече дека во гаража бил подготвен бетон за да се обвие бурето за да не можат кучињата да го намирисаат.

Можете да прочитате

Невреме во регионот – Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска

Вучиќ најави дека изборната кампања ќе ја води со личниот автомобил

Ердоган: Турција никогаш нема да ги остави кипарските Турци сами во нивната праведна борба