Утрински Весник
Македонија

Денеска очекувајте врнежи, грмежи и локално невреме

Meteoalarm.mk 5 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес петок 22 мај 2026 особено во попладневните  и во раните вечерни часови во Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата  и тоа поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација времето ќе биде многу нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен и од североисточен правец.


Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопската котлина попладнево и вечерва ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен и од североисточен правец и со услови за појава на невреме проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец (со брзина од 50 до 60 км/час) електрични празнења  и со услови за појава на град.

Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени а во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 24 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар, одговорните ќе сносат последици

Мицкоски до Собранието го предложи Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка