Утрински Весник
Македонија

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Img 6672.jpeg

Обидите за заплашување на граѓаните не успеале да ја намалат излезноста на предвремените парламентарни избори во Србија, оцени новинарот Игор Бесерменји, кој директно од Белград се вклучи во отвореното студио на 4ТВ.

Според неговите сознанија, во текот на изборниот ден биле забележани нерегуларности во Белград и Панчево. Тој посочи дека е можно слични случаи да имало и во други делови од земјата, но нагласи дека интересот за гласање останал висок.


„Очигледно е дека ништо од обидите за заплашување на граѓаните и намалување на излезноста не успеало, бидејќи очекуваме излезност од над 70 отсто“, истакна Бесерменји.

Тој оцени дека, и покрај пријавените случувања што можеле да предизвикаат страв, голем број граѓани излегле да го остварат своето избирачко право.

Според Бесерменји, големото учество на гласачите е показател дека значителен дел од граѓаните сметаат оти во Србија се потребни промени.

Можете да прочитате

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката