Утрински Весник
Македонија

МНР не го коментира демантот на Фрчкоски, но проверува евентуални пропусти во неговото работење

Frcko.jpg

Од МНР не сакаат да го коментираат демантот на македонскиот амбасадор во ОН Љубомир Фрчкоски откако тој беше повикан во Скопје на консултации поради сомнежи за финасиски злупотреби и затајување на материјални средства од сукцесија на објекти, но велат дека ги преземаат сите неопходни чекори за утврдување на евентуални пропусти и недостатоци во работењето на дипломатско-конзуларните претставништва.

Од министерството за Канал 5 велат дека Фрчкоски со објавата на интерни документи и уплатници без согласност од МНР ги прекршил подзаконските акти, а евентуалното незаконско работење на Мисијата на ОН ќе се разгледува низ консултациите на кои е повикан.

„Не би сакале да навлегуваме во коментирање на поединечни изјави на амбасадори дадени преку средствата за јавно информирање, дотолку повеќе што со содржината на конкретната изјава се прекршени подзаконските акти на МНР и објавени се интерни документи без согласност од Министерството. Согласно принципот на работа и внатрешните процедури на МНР, сите детали и аргументи ќе бидат разгледани во рамки на најавените консултации.“ – МНР за Канал 5.

Фрчкоски во демантот вчера преку официјален мејл од Мисијата во ОН, објави уплатници за транфер од околу 4 милиони долари од САД во Македонија, добиени од сукцесија на имот на поранешната СФРЈ. Во однос на сомнежите дека тој ја злоупотребил службената картичка за авонски карти кон Македонија, се наведува дека тој поради итна медицинска интервенција и смртен случај на близок роднина привремено искористил пари од Мисијата, кои ќе ги надомести. Ваквите наводи од МНР ги оцени како срамни обиди за негово отстранување и најави дека нема да чека да биде отповикан, туку самиот ќе се повлече од амбасадорската функција, откако ќе му заврши боледувањето.

Покрај Фрчкоски на консултации во Скопје на 15-ти јули е повикан и македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди… неофицијалнo поради доставената нота до италијанските власти, со која ги известил дека валидните пасоши со Република Македонија до рокот предвиден за нивна промена -12-ти февруари, во тој период биле неважечки.

Можете да прочитате

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје: Комуналниот отпад во општина Аеродром се собира редовно

Целиот Балкан гори поради екстремно високите температури на воздухот – Погледнете ги температурите во моментов

Таравари: Нема докази дека е бебето е намерно повредено, но има дисциплински мерки