Утрински Весник
Македонија

АХВ одговорија дали има небезбедна хималајска сол и кај нас

Ahv.jpg

Во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот „котами“. Серија од оваа хималајска сол, поради утврдено присуство на пластика се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот.

Од АХВ денеска информираа дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија, не е добиено вакво известување.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната ќе ја следиме состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки“, се наведува во соопштението од АХВ.

Од АХВ денеска информираа и дека двата тона замрзнато свинско месо со потекло од Република Грција, кое викендов беше запленето од Царинската управа, ќе биде уништено. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека откако биле известени за запленетите количини издале наредба за нештетно уништување на небезбедното месо.

Месото беше запленето во саботата на царинската испостава „Богородица“, на влез во државата во товарно возило со грчки регистарски таблици. Во документот што го доставил превозникот било пријавено дека има 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Откако царинарниците почнале детален преглед на возилото, превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија вредност според приложените документи изнесува 11 илјади евра.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата