Утрински Весник
Македонија

МНР: Безбедносните органи да донесат одлука за ограничување на пристапот на Џамбаски

Османи: Низ дебатите да разграничиме, каде почнува партискиот, а каде завршува интересот на државата
Ss2

Министерството за надворешни работи реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент“, велат од МНР.

Ss1

Се додава дека заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, па оттука се очекува тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, се наведува во соопшението на македонското МНР.

Бугарскиот европратеник Џамбаски претходно денес потврди дека на 4 февруари ќе дојде во Скопје за да му се поклони на Гоце Делчев. Тој индиректно му се закани со атентат на претседателот Стево Пендаровски, кога на повиците да му се забрани влез во државата, одговори со споменување на некогашниот југословенски крал Александар Караѓорѓевиќ.

„Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, изјави Џамбаски.

Премиерот Ковачевски, пак денес изјави дека на министерот Бујар Османи е да одлучи дали Џамбаски, заедно со други лица од Бугарија, ќе биде на листата за персона нон грата и ќе му биде забранет влез во Македонија.

„Сè што е во надлежност на Владата ќе биде направено со цел да се гарантира мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев. Тие активности (прогласување за персона нон грата) се на МНР и се спроведуваат врз основа на Законот за странците и одредбите што регулираат кое лице не може да влезе во државата, а поради активности што ги нарушуваат односите меѓу државите. Без разлика ако е политичар или друго лице, ако МНР го идентификува таквото лице, тоа не може да влезе во државата. Достоинството на нашата држава е врвен приоритет“, рече Ковачевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прашан дали ќе го вратат европратеникот Ангел Џамбаски на граница на 4-ти февруари одговори: Ќе одлучиме на четврти февруари.

Претседателот Стево Пендаровски, пред два дена, по седницата на Советот на безбедност, предложи на институциите односно Владата и МНР, да го прогласат бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски за персона „нон-грата“, а тоа би значело да му се забрани влез во Македонија. Освен за него, забрана, шефот на државата предложи и за други бугарски државјани, а поради понижување и негирање на македонскиот народ.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ